Oд 26.9-3.10. 2021г.во Бакау, Романија се одржа втора мобилност на Еразмус + проектот  “Active citizens in Europe” на која учествуваа наставници и ученици од Северна Македонија, Италија, Турција, Романија и Данска.

На оваа средба беа дефинирани главните проблеми за животната средина, се бараа решенија индивидуално и по комбинирани групи од различни земји. Беа реализирани различни презентации и дискусии. За време на работилниците, учениците прво ги идентификуваа проблемите, потоа одлучуваа за чекорите за решавање на проблемите со искажување на сопствените идеи и меѓусебно дискутирање и на овој начин тие стекнаа многу придобивки преку ваков вид на активности. Исто така учениците имаа можност да подготвуваат вкусна храна и да ја дегустираат.

Имаше и културно патување и културни настани, песни, локална уметност, културни претстави итн. до градот Јаш и Сланик Молдова. Нашата група на враќање имаше можност исто така да го посети и градот Белград со неговите знаменитости.

Целта на оваа мобилност беше да се развие еколошката свест кај учениците и да им се обезбеди свест за заштита на животната средина. Благодарение на овие активности тие се здобија со еколошка свест и научија како е да се живее во еколошка атмосфера. Тие имаа позитивна соработка, лични задачи, способност да комуницираат на ефективен начин и да ги развиваат своите социјални вештини и вештини за самоизразување. Покрај тоа, тие имаа интеракција помеѓу различни култури и се чувствуваат себеси како важен дел од нивниот тим. Нивната комуникација на англиски јазик беше развиена со овие активности.

Наставник коодинатор:

Јасмина Денковска

 

Напишете коментар