Мобилноста во Северна Македонија од Еразмус + проектот  “Active citizens in Europe”се реализираше  од 12 до 18 декември 2021година, на која присутвуваа наставници и ученици од Северна Македонија, Турција, Романија и Данска. За жал, италијанскиот тим не присуствуваше на оваа средба, поради промени во протоколот за Ковид на нивната земја за карантин итн.

На почетокот сите присутни имаа можност да следат музички изведби на училишниот оркестар а потоа беа направени повеќе работилници, презентации, видеа и истражувања, фокусирајќи се најмногу на проблемот со компјутерските вируси и антивирусните програми и генерално на сајбер безбедноста. Гостите со големо внимание ги слушаа овие актуелни и трендовски теми, имаа многу свои прашања и идеи кои успешно се вклопија во дискусиите. Имаа можност да бидат поделени по случаен избор во групи, секоја поврзана со одредена социјална мрежа, им беа дадени прашања за размислување,  се бараше одговор, и требаше да ги изнесат своите заклучоци, да објаснат некои лични и генерализирани искуства со користењето на социјалните медиуми. Следеа видеа и презентации на тема сајбер безбедност со фокус за безбедност на датотеки и лични информации, онлајн игри, онлајн разговори, онлајн купување и слично.

Учениците и нивните наставници изразија големо задоволство од резултатите од овие работилници и презентации а имаше и интерактивен квиз Kahoot за секој да може да го провери своето знаење стекнато во текот на претходните сесии а потоа имаа можност да посетат дел од паралелките во училиштето, да следат настава и на тој начин да се запознаат со образовниот систем во нашата држава.

Беше посетен Музејот на Куманово каде беше споделена дел од историјата на градот. Наставниците имаа официјална посета на кабинетот на градоначалникот.

Сите гости од проектот имаа можност во нашето училиште, да пробаат традиционални јадења и деликатеси што ги подготвија нашите ученици и наставници (со помош на нивните семејства ), каде присуствуваше и  оркестарот кој им овозможи  заедно да пеат и танцуваат.

Еден ден имаше и посета на Скопје и неговите историски и културни вредности како и посета на Охрид и Заливот на коските – музејот на вода, реконструкција на наколната населба од праисторијата.

Оваа мобилност беше одлична можност да се доживее размена на култури, да се подобрат комуникациските и организациските вештини и да се укаже на најбитните проблеми на сајбер заканите и сајбер безбедноста.

                                                                                                                              Координатор:

                                                                                                                            Јасмина Денковска

 

Напишете коментар