Од 2 до 6 мај 2022 година во Триказе, Италија се реализираше последната мобилност на Еразмус + проектот “Active citizens in Europe” ( Активни грaѓани во Европа) .
На оваа мобилност присутвуваа наставници и ученици од Северна Македонија, Турција, Романија, Италија и Данска.
Од СОУ Гимназија “Гоце Делчев” присуствуваа наставниците: Јасмина Денковска и Соња Тодоровска како и следните ученици: Вероника Димитриевска, Нина Трајковска, Ева Рангелова, Анастасија Алексовска и Ива Ивановска.
На почетокот во училиштето во Триказе имаше добредојде на партнерите, запознавање со училиштето, начинот на изведување на наставата, земјата и културата на Италија. Потоа следуваа активности за кршење на мраз и запознавање, а потоа беа направени подготовки за изработка на кратки филмови во групи. Главна задача на оваа мобилност за учениците беше да осмислат текст, сценарио, идеја за филм, да споделат улоги, да реализираат проби на кратки филмови со водство на наставниците , како и да снимаат кратки филмови.
Од културни разгледи групата имаше можност да направи обиколка на пристанишното место Санта Марија ди Лука, тура со брод во близината како и запознавање со јужниот дел на Италија. Исто така имаше целодневен излет до Порто Селваџо и Нардо, најпрво обиколка со водич а потоа и разглед на музејот на праисторијата. Во историскиот локалитет „Ле Костантин“ и замокот Спекја беа претставени кратките филмови „Да се биде љубезен кон другите“, кои беа одлично реализирани од страна на учениците, по што следуваа коментари и дискусии .
Координатор:
Јасмина Денковска