Од 13 до 19 јуни 2022година во Вилниус, Литванија се реализираше петта мобилност на Еразмус + проектот “The safeguarding of thе environment” ( Заштита на животната средина) .

На оваа мобилност присутвуваа учениците и наставниците од Литванија, Северна Македонија, Турција, Бугарија и Италија.

Беше интересна можност да се присуствува на оваа мобилност каде што беа изведени химни и традиционални песни на секоја земја од страна на училишниот хор од Литванија. Изведбите беа неверојатни. Имаше кратки презентации на сите претставници од сите земји учеснички во проектот како и игри за запознавање на учесниците и сите имаа можност да играат традиционални ора и да научат да пеат литвански песни.

Имаше организирана посета на Општината на градот Вилниус кадешто тимовите од сите земји учеснички во проектот ги пречека експерт за заштита на животната средина каде имаше презентација на тема: Еколошките подобрувања во Вилнус а потоа и дискусии од страна на сите учесници. Учениците исто така имаа можност да низ градот Вилниус бараат скриени знаци низ градот пробувајќи да ги одговорат поставените прашања и да дојдат до посакуваната цел. Исто така имаше организирана посета на музејот за Окупации и борба за слобода во главниот град каде повторно сите имаа можност да научат за историјата на Вилниус. Од посебно значење беше можноста за  разглед на стариот дел на градот Вилниус.  

Беше организирана и културна посета на градот Тракаи каде сите имаа можност да се запознаат со знаменитостите на градот и да дознаат за историјата на Литванија. Темата на проектот беше обработена со предавање од страна на студентот Зигмас Јуциус на тема ” Проблемите на животната средина во денешниот свет”, преку презентација и практични примери се здобија со нови знаења. Подоцна учениците од секоја земја ги презентираа своите знаења и планови преку презентации, видеа, како и песна на темата изготвена од страна на нашите ученици.

За време на оваа последна мобилност од проектот сите имаа можност да ја дегустираат традиционалната литванска храна и на крајот беа доделени сертификати и беше презентиран филмот кој беше снимен во деновите на проектот, во кој учество земаа професори и ученици од сите држави а потоа сите играа традиционални ора и се забавуваа со национална музика.

                                                                                                                             Координатор: Јасмина Денковска

 

Напишете коментар