Во организација на Софискиот клон на физичари од Софија, Бугарија, потпомогнат од Регионалното друштво на физичари од источна Македонија, во Софија се одржа Петтата меѓународна олимпијада по експериментална физика (ЕРО5) од 8 до 10 декември 2017. година.

Олимпијадата тематски беше посветена на електронот, по повод 120 години од неговото откривање и официјално промовирање од страна на Тонсон.

На Олимпијадата учествуваа над 137 натпреваруваќи од повеќе земји: Казахстан, Русија, Србија, Грција, Бугарија и Македонија.

Задачата што ја работеа учениците се однесуваше на проблем инициран пред 111 години, во теориска форма од страна на Алберт Ајнштајн за хаотичното топлинско движење на честиците и распределбата на ницната топлинсла енергија.

Со посебно изработена апаратура, специјално за овој натпревар беше поставена задача за определување на Болцманова константа.

Во постапката на определување на константата пропратена со директни мерења, се вклучија и во натпреварот учествуваа тројца ученици од нашата Гимназија и тоа: Моника Спасовска 4-1, Андреј Антевски 4-2 и Никола Манасиевски 4-2, под менторство на професорот Штефица Ујчиќ, во рамки на задачите дефинирани за натпреварувачката група Л (3-4 клас).

Учениците дадоа се од себе да ја исполнат задачата и задоволни од своето ангажирање со потребна точност на ред големина ја определија Болцмановата константа. Тие не се најдоа во групата на дваесетина наградени во конечниот пласман за сите 4 категории, но во исчекување на конечната листа на натпреварот што се очекува по 20. Декември 2017 се надеваме дека личното задоволство ќе биде поткрепено и со конкретни факти.

На Олимпијадата учесниците од Казахстан не запознаа со нивната Олимпијада и не поканија да учествувсме со тим при незјзиното одржување 2018. година. Мора да се истакне голeмиот ентузијазам на улениците, широкоградата подршка на нивните родители, совесното водење и ментрорирање од страна на професорот и подршката на училиштето за давањето можност и реализирање во рамки на можностите на овој натшревар.

На Третата меѓународна олимпијада по експериментална физика (ЕРО3) нашата Гимназија беше домаќин и се надеваме дека Олимпијадата ќе трае, а учеството на нашите ученици ќе стане традиција со се подобри резултати.

 

Leave a Reply