Две професорки од СОУ Гимназија Гоце Делчев од Куманово, Валентина Каранфиловиќ (координатор на проектот) и Мери Маневска професор по англиски јазик заедно со 5 ученици од втора и трета година од 21.04.2018 до 28.04.2018 година ке бидат на мобилност во Вила Реал -Шпанија како дел од проектот “THINK critically – ACT wisely” ( мисли критички-делувај мудро) на Еразмус + програмата.Ова е втор проект од Еразмус + програмата што се реализира во ова училиште.

Темата на која што ке се работи во Шпанија е имиграција, причините за нејзиното настанување и мерките кои што треба да се преземат за таа да се намали и спречи.Учениците, заедно со менторите изработија презентации на темата, но ке се прикажат и презентации од Македонија, Куманово и од училиштето.

Со ваквите проекти нашата држава, но и нашиот град се афирмира, учениците и професорите се запознаваат со нивниот образовен систем, бидејќи ке посетуваат и часови во училиштето IES PROFESSOR BROCH I LLOP во Вила Реал.

 

Leave a Reply