СОУ Гимназија Гоце Делчев од септември 2018 година стана партнер во три нови проекти од програмата Ерасмус +. За еден од проектите со тема Ослободување на нашите умови од стереотипни идеи во месец ноември се оддржа договорен состанок во Пазар/Ризе- Турција, на кој учестуваа директорката Марија Тодоровска, координаторот на проектот Валентина Каранфиловиќ и професорката по англиски јазик Мери Маневска. На состанокот, покрај домаќините беа присутни и партнерите од Португалија, Литванија и Романија. На состанокот се договорија датумите на одржување на мобилностите и се поделија обврските на земјите- партнери во проектот.

 

Напишете коментар