Од бројните културни настани во рамките на одбележувањето на Јубилејот 500 години Куманово, во Занаетчискиот дом во нашиот град се одржа промоција на документарниот филм за СОУ Гимназија “Гоце Делчев”-Куманово, чиј покровител е училиштето.  На настанот присуствуваше Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, кој покрај останатите говорници, има свое обраќање во документарниот филм и претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска.

Документарниот филм за СОУ Гимназија “Гоце Делчев” го претставува развојот на училиштето и тоа од неговото формирање, во далечната 1945 година, па се до денеска. Претставен е хронолошкиот процес со сите фази на градењето на  училиштето: ученици и професори, кои се дел од изградбата, создавање на првата учителска школа, на кој начин се одвивал и градел образовниот процес, застапени се и обраќањата на поранешни професори и директори на СОУ Гимназија “Гоце Делчев”-Куманово.

Културниот настан го збогатија и ученици од Гимназијата со неколку музички точки, како дел од кратката културно-уметничка програма.

Автор на документарниот филм е нашиот познат спортски новинар Марјан Стошевски, а во улога на модератор беше проф. д-р Маја Јакимовска Тошиќ.

Линк до целосната галерија од Општина Куманово

 

Leave a Reply