Оваа средба се одржа од 1ви до 5ти април во Лисабон, Португалија. Целиот проект на кој за прв пат заеднички учествуваа наставници и ученици беше базиран на подигање на свеста на учениците дека од мали нозе треба да ја градат својата кариера како што ни вели и самото име на проектот “30 is too late.

Во училиштето Forte da Casa во Лисабон секој ден имаше најразлични активности се со цел за добивање на најразлични вештини и пронаоѓање на тоа кој каква личност е и каква сака да биде во животот. Имавме посета на различни компании каде што учениците правеа интервју со вработените, информациите ги запишуваа и подоцна ги споредуваа со другите компании.

Интересна беше презентација на Joao Cardoso бизнисмен од Португалија кој интерпретираше лични примери за успех во животот. Интересен беше моментот кога учениците имаа можност да стрелаат со професионална опрема и тоа многу вешто го совладаа.

Исто така секоја од земјите се претстави со свои традиционални танци и сит заедно ги изучуваа танците на останатите држави (Турција, Италија, Полска, Романија, и Португалија) на овој начин можеше да се види сечија култура, начин на облекување во традиционални носии и најинтересно од се беше тоа што сите ученици беа заинтересирани за нашите традиционални ора и со задоволство се приклучуваа во нив.

Од знаменитостите имаше можност да се видат News Museum, центарот на Лисабон , Belem , Portas do Sol, Largo da Graca и др. Доста впечатлив беше и центарот на градот заедно со извонредните градби. Го посетивме и Futuralia саемот каде што исто така се стекнавме со нови знаења.

Пријатно бевме изненадени од гостопримливоста на домаќините и имавме можност да видиме како тие живеат, кои се нивните култури, традиции и обичаи и имавме можност да пробаме најразлични видови на храна.

 

Leave a Reply