Од 14 септември  до 21 септември 2019год. во Нови Двор Мазовjецки во Полска се одржа трет состанок во рамките на Еразмус + проектот  “30 е многу доцна“  . На оваа средба присутвуваа наставници од Северна Македонија, Романија, Турција, Полска, Португалија и Италија.  Од СОУ Гимназија Гоце Делчев, Куманово на оваа средба присуствуваа следните наставници: Марија Тодоровска директор , Јасмина Денковска координатор, Марина Ѓорѓевиќ,  Тања Кировска Георгиевска и Анита Зафировска.

На оваа средба во училиштето домаќин имаше презентации од сите земји учеснички во проектот за начинот на образовнието и образовниот процес во сите земји учеснички. Следуваше обука за наставници како советници и улогата на наставникот во XXI век за неговите меки вештини, практична примена на меки вештини на најразлични начини. Беа организирани повеќе заеднички предавања и работилници за поттикнување на практичи начини на критичко размислување, тимска работа, лидерство, откривање на вештини и компетенции на наставници за емотивна интелегенција.

Исто така имаше можности за изучување на историјата и културата на Полска и Варшава и запознавање со значајни споменици, музеи и знаменитости. 

 

Leave a Reply