Од 9 до 15 ноември 2019 година во Истанбул  се реализира првата мобилност на Еразмус + проектот Заштита на животната средина ( The safeguarding of thе environment ) .

На состанокот присутвуваа наставници од Литванија, Северна Македонија, Италија, Турција и Бугарија. 

Од СОУ Гимназија Гоце Делчев, Куманово на оваа средба присуствуваа: Марија Тодоровска директор, Јасмина Денковска координатор – наставник по информатика,  и Марина Ѓорѓевиќ наставник по англиски јазик.

Во училиштето“Istanbul Anadolu Lisesi” од Истанбул, Турција се презентираше начинот на одвивање на наставниот процес, имаше работилници со наставници и дискусија за  Екологија и заштита на природата, семинар на тема Барања за еколошка животна средина , анализа на прашалници – реализирани во сите земји , обука – семинар од универзитетски професор за живoтна средина. Исто така имаше две  работилници од ученици за  Екологија и заштита на природата кои имаа архитектонски дизајн на згради, поставуваа еколошки проблеми и даваа свои решенија.

Во рамките на посетата беа презентирани културни знаменитости на градот Истанбул областа Султан Ахмед, црквата Света Софија, Султан Ахмедова плава џамија, Топкапи палатата, Цистерната базилика, традиционалната Капали чаршијата со нејзините специфичности која спаѓа во најпосетуваните атракции во светот како и Момината кула позната како Леандарска кула во Ускудар која датира од Византиско време.

 

Leave a Reply