” Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите “, е мислата на нашиот Патрон, Гоце Делчев, која 75 години не води нас вработените и учениците во Гимназија “Гоце Делчев”, Куманово по патот на науката, по патот на благородната учителска професија , натпревар во знаење, освојување награди, признанија и оформување на нашите ученици во сестрано образовани и одговорни луѓе. 

Денеска се навршуваат 117 години од смртта на великанот Гоце Делчев, нашиот учител, револуционер и визионер кој го трасираше патот кон независноста на нашата држава. 

Неговото дело достојно го почитуваме, неговиот сон гордо го живееме, неговата мисла ја продолжуваме. Вечна слава учителу наш! Честит празник училиште наше!

 

Leave a Reply