Нашето училиште веќе одамна учествува на различни проекти како што и на Erasmus + проектот.Дел од нашите ученици ја имаа честа да бидат дел од размена со деца од Франција и Русија.

Учениците заедно со професорите беа сместени во семејствa и имаа можност уште потемелно да ја почувствуваат традицијата и начинот на живот на народот на овие две држави .Беа организирани различни активности ,работилници на кои меѓу игри тие меѓусебно ги споделуваа своите знаења.

Во најдобро светло ја претставија Гимназијата,воедно и нашата држава.Нивните ново создадени пријателства,искуства и спомени ќе им останат за целиот живот.Во најскоро време се надеваме дека самото наше училиште ќе биде домаќин на учениците и наставниците од Франција и Русија.

 

Leave a Reply