Резултати од уписи во прв уписен рок – клик на линкот тука

„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ е мислата на нашиот Патрон Гоце Делчев, која 75 години нѐ води нас вработените и учениците по патот на науката, во постојан натпревар во знаења и вештини, освојување награди, признанија и оформување на нашите ученици во сестрани личности. Биди одлучен и сигурен за изборот на својата иднина, биди дел од едно неверојатно, а толку корисно патување што ќе те насочи на твојот животен пат. Биди и Ти Гимназијалец! Гимназијата дава можности, информирајте се и изберете вистинска насока и подрачје!

Конкурс за запишување ученици во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“

Протокол за време на упис на ученици од Министерство за образование и наука

Пријавата за упис во нашата гимназија, може да ја превземете на линкот подолу или може да ја добиете бесплатно во нашето училиште секој работен ден од 10 јуни 2020, од 8.00 до 19 часот, на главниот влез во гимназијата, на портирница. Пожелно е да ја пополните пријавата пред да дојдете за упис во прва година, за да не се задржувате многу време, со оглед на актуелната ситуација со КОВИД-19. Така пополнетата пријава со останатите документи ќе ги приложите за упис.

Калкулатор за поени при упис – клик на линкот тука.

Информации за идните ученици

Од вредните раце на нашите ученици

Преку авантурите на овие ликови, осознај ја и ти вредноста да се биде дел од Гимназија ”Гоце Делчев”. Тоа е вистинската слика за оваа место, истакнување на способностите на меѓународно ниво, истакнување на вредноста на знаењето и стекнување пријателства од прекрасни области ширум светот. Зачекори низ животот, осознај ја вредноста на твојот смарагд во тебе и биди и ти дел од најдобрите. Биди и ти гимназијалец.

Нашите ученици за нашето училиште

Многу наши поранешни и сегашни ученици одделија дел од своето време за да ни раскажат за своето искуство во нашето училиште. Еден од нив е Дарко Мартиновиќ, софтверски инженер во Amazon.