На мобилноста  од Еразмус + проектот  “Активни грaѓани во Европа” која се одржа од 2 до 9 Aприл 2022година во Слагелсе, Данска присутвуваа наставници и ученици од Северна Македонија, Турција, Романија, Италија и Данска.

Од СОУ Гимназија “Гоце Делчев” присуствуваа наставниците: Јасмина Денковска и Елена Марковска како и следните ученици: Ане Денковска, Лина Рангелова, Симона Додевска, Анѓелина Ганевска и Нина Марковска.

Во училиштето, учениците од сите земји имаа многубројни интересни активности. Bеа распоредени во групи со цел работа на платформата e-Twinning, односно изработуваа  блог страна, подготвуваа и презентации и видеа на темата “Teenage life in Europe”, кои  беа закачени на претходно подготвените веб страни/блогови и потоа на e-Twinning. Потоа секоја група одделно ја презентираше својата веб страна. Исто така учениците го истражуваа градот преку активност на Map Upа имаа и можност за учење на традиционалниот дански танц.

Од културни активности имаше патување до Одензе. Разглед на  „The Fynske Landsby“ – Селска фарма, каде што имаше можност за истражување за начинот на живот на луѓето кои живееле во 18 век. Потоа, целата група имаше пауза за ручек во „Storms Pakhus“ каде што пробаа различни видови улична храна од целиот свет. Беше посетен и музејот на Ханс Кристијан Андерсон. Групата беше импресионирана од овој прекрасен музеј не само поради необичниот начин на водење низ него, туку и поради фасцинантната архитектура внатре и надвор од зградата. Исто така беше посетен и главниот град на Данска, Копенхаген, најпрво со крстосување со брод по градскиот канал, а со помош на водич групата дозна за многу важни и симболични места во градот како и  Ботаничката градина и многуте замоци и убавите плоштади.

                                                                                                Координатор:

                                                                                               Јасмина Денковска

 

Напишете коментар