Oд 23 до 30 октомври 2021година во Лече, Италија се реализираше втора мобилност на Еразмус + проектот  “The safeguarding of thе environment” ( Заштита на животната средина)

На оваа мобилност присутвуваа ученици и наставници од Литванија, Северна Македонија, Италија, Турција и Бугарија.

Од СОУ Гимназија Гоце Делчев, Куманово на оваа средба присуствуваа следните наставници: Марија Тодоровска директор, Јасмина Денковска координатор и Филип Младеновски како и учениците : Марко Велковски, Александер Стојановски, Мила Павловска, Симона Стојановска, Ане Денковска и Андреј Стојановски.

На оваа мобилност наставниците и учениците од сите земји беа запознаени со училиштето  од Италија „Грација Деледа“,  со нивните училишните лаборатории и техничката опрема што ја користат за анализа на супстанцијата и материјата (на пример: како да се испита дали има валкани честички во некоја  супстанција, како да се извлече ароматично масло од органски производи итн.) Исто така имаа можност да видат како се изведува наставниот процес во Италија и како наставниците работат со нивните ученици каде што има неколку лекции каде се вклучени двајца наставници, едниот опфаќа теоретско знаење а другиот ја проверува практичната примена на знаењето. 

Беше реализирана посета на Универзитет во Саленто каде имаше интересна презентација за животната средина, морскиот подводен живот, синџирот на исхрана на природата, идната визија за придобивките од морската флора и фауна а која беше прегледана од научен, економски и еколошки аспект.

Беше посетена и ботаничка градина каде што учениците имаа можност да научат нешто повеќе за еднокотиледони и двокотиледони растенија. При тоа имаа предавање и инструкции  со посебна табела со спецификација да се обидат да го откријат видот на растението. Исто така имаа можност да го идентификуваат растението со скенирање на дел од него, најчесто цветот, а тоа може да се направи со помош на мобилната апликација PlantNet Plant Identification.

Покрај разглед на градот Лече од страна на нашиот тим и неговите знаменитости како што се повеќе интересни плоштади и порти во градот, еден ден беше предвиден за патување до Галиполи и посета на виртуелниот музај Мареа - Centro di cultura del Mare. Во него учениците дознаа за ретките видови во овој регион на Јонското крајбрежје. Учениците гледаа интересни видеа од подводниот свет и имаа можност да уживаат и анимираат преку виртуелната реалност. Во овој дел на Италија сите имаа можност да ги видат прекрасните места покрај море како Santa Maria al Bagno, Santa Caterina и други  и да уживаат во сонцето и топлото време. 
Во програмата беше предвидено запознавање со културни знаменитости и културно патување во Отранто каде беше посетен брегот и разгледан градот како и замокот Арагонија а потоа беше посетена највисоката кула, која е најблиската точка до Албанија. 

Сите присутни на овааа размена имаа можност да ги проследат и научат музичките точки од учениците од Италија кои како домаќини изведоа традиционални локални игри и песни, додека на крајот сите други ученици ги претставија своите ора и традиционални песни.

Нашата група имаше можност за посета на градот Алберобело со прекрасните и автентични куќи и начинот на живот на луѓето тука во минатото.

Во сите овие денови учениците и наставниците од нашето училиште имаа можност да ручаат и вечераат повеќе пати во традиционални ресторани каде имаа можност да пробаат необични италијански морски плодови и различни други специјалитети специфични за Италија.

                                                                                                                         Координатор:

                                                                                                               Јасмина Денковска

 

Напишете коментар