Од 9 до 15 јануари 2022година во Куманово, Северна Македонија се  реализираше трета мобилност на Еразмус + проектот “The safeguarding of thе environment” ( Заштита на животната средина). Бевме домаќини на  ученици и наставници од Литванија, Турција и Бугарија а колегите од Италија се вклучија онлајн на средбата.

На почетокот на оваа мобилност беа претставени видеа од музички изведби на нашите ученици, како и видео за нашето училиште, наставата и наставниот процес. Она што следеше беа презентации за Куманово и Северна Македонија, така што учесниците на проектот од странски земји имаа убава можност да дознаат повеќе за домаќините и земјата домаќин.

Беа спроведени повеќе активности за кршење мраз така што учениците од различни земји имаа можност подобро да се запознаат.

Имаше различни видеа и презентации од наши ученици кои ја презентираа својата работа и истражувањата за животната средина и одржливиот развој како и обновливите извори на енергија. Беа организирани и презентации на странските тимови. Секој тим ја презентираше темата на која работеше во својата земја за обновливи извори на енергија.

Исто така беа запознаени со видео презентација за мегалитската опсерваторија Кокино, како и работилници и презентации за климатски промени. Интересни беа интерактивните квизови на Kahoot каде учесниците во проектот имаа шанса да го тестираат своето знаење за тоа колку научиле од претходните денови.

Учениците исто така работеа и во комбинирани групи, беа поделени во тимови. Секој тим требаше да претставуви една форма на обновлива енергија. Нивната задача беше да направат кратка презентација за користењето на нивниот обновлив извор на енергија. Важно е да се спомене дека секој тим се состоеше од ученици кои доаѓаат од различни земји, така што тимовите беа меѓународни по природа и работеа заеднички а потоа презентираа.

Исто така беа организирани работилници за македонскиот јазик и примена на обновливите извори на енергија во секојдневниот живот кај нас во нашата земја.

Наставниците и учениците од проектот имаа можност да се запознаат со центарот на градот Куманово а наставници имаа посета во канцеларијата на градоначалникот каде беа пречекани од официјалните лица и им беа доделени соодветни подароци. Тука се запознаа со образованието како и едукативните процеси во нашиот град и нашава земја.

Во рамките на програмата еден ден имаше посета на Битола каде сите имаа можност да ги разгледаат знаменитостите на градот и го посетија историскиот Музеј во Битола. Следна станица беше градот Охрид со разглед на неговите културно-историски знаменитости. Имаше ручек во автентичен ресторан, дегустирајќи различни традиционални специјалитети, меѓу кои е и познатата охридска пастрмка а гостите можеа да го видат и купат легендарниот охридски бисер.

Од посебно значење беше за проектот беше посетата на кањонот Матка во околината на Скопје. Таму го посетија музејот на ЕВН каде што имаше презентација со водич на експонатите за примена на обновливите извори на енергија и интересни експерименти кои беа многу интересни за сите учесници. Следна станица беше централниот дел на градот Скопје каде посетителите имаа можност да ги видат сите културно-историски споменици лоцирани во центарот на градот. Потоа, беше посетена Старата чаршија и сите беа воодушевени од глетката на стари, традиционални, но функционални улици и разни занаетчиски продавници, а потоа имаа посета и на еден од најголемите трговски центар на Балканот, трговскиот центар East Gate.

На крајот сите ги споделија своите искуства од проектот и разговараа за идните активности и следната мобилност. Сите учесници беа презадоволни од организацијата и активностите кои беа спроведени на оваа мобилност. Беа поделени сертификатите и имаше организирано проштална вечера на која учениците и наставниците имаа можност да поминат време заедно и да уживаат во македонската кујна и музика.

                                                                                                                            Координатор: Јасмина Денковска

 

Напишете коментар