На мобилноста од Еразмус + проектот “The safeguarding of thе environment” ( Заштита на животната средина) од 10 до 16 Април 2022година во Софија, Бугарија од СОУ Гимназија “Гоце Делчев” присуствуваа наставниците: Јасмина Денковска и Валентина Арсиќ како и следните ученици: Јована Лазаревска, Димитриј Трајковски, Никола Гиновски, Миа Салтировска, Бисера Ќурчинска и Теодор Митевски.
Во училиштето „Џани Родари“ во Софија, учениците и наставниците беа пречекани со топло добредојде и имаа можност да бидат дел од најразлични активности кои вообичаено се практикуваат во училиштето, како што се: воздушна јога, играње шах, канис терапија, играње традиционални танци итн. Од активности во училиштето, учениците имаа можност да се претстават себеси, како и загаденоста во нивните држави, преку презентации кои ги имаа изработени претходно. Во Ловен Парк, имаа работилница на тема – „Како да се справиме со загаденоста на околината“. Имаше дискусија и анализа за Zero Waste – начинот на живеење како и беше организиран Zero Waste ручек.
Беше органозирана културна посета на градот Пловдив, со можност за посета на бројни воодушевувачки дестинации, како Регионалниот – Етнографски музеј, Античкиот театар на Пловдив, остатоци од стариот град и многу други неверојатни градби како и да се запознаат со традиционалната бугарска архитектура како и посета на селото Макоцево каде сите имаа можност да научат за животот на фарма за коњите, имаа можност да јаваат коњи, да научат за животот на пчелите и други домашни животни.
Сите имаа можност да вечераат во традиционален бугарски ресторан, со традиционална бугарска храна, пијалоци и десерти, и да слушнат традиционална бугарска музика, како и да се запознаат со традиционална музика и танци од земјите членки во проектот.
Координатор: Јасмина Денковска