Во периодот од 02-16 ноември 2017 година, 16 ученици од СОУ Гимназија “Гоце Делчев”- Куманово и професорките Јасмина Денковска и Љубинка Максимовска  учествува во интеркултурна размена во Детското село Песталоци во Швајцарија. Таму заминаа заедно со ученици и професори од Прилеп и Гостивар, под покровителство на Коалиција СЕГА од Прилеп, а во детското село имаше заеднички работилници и со ученици од Подгорица, Р.Црна Гора. Целта на оваа размена беше учениците да се здобијат со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите за меѓукултурен дијалог и комуникација, антидискриминација, меѓусебно разбирање, почитување на толeранцијата на вредностите помеѓу различните култури.

Учениците беа сместени во две куќи за кои имаа обврска да ги оддржуваат и да се грижат за хигиената и храната, секојдневно посетуваа настава во вид на неформално образование двапати дневно и при тоа им беа организирани работилници на повеќе различни теми а исто така имаа можност да реализираат и радио емисија во живо со свои прилози. Во вечерните часови имаа слободно време за забава и рекреација во Младинскиот клуб каде имаше повеќе музички инструменти и просторија за сликање, исто така имаа можност да спортуваат во Спортската сала или да се анимираат  во собите за рекреација во куќите.

Во текот на престојот беа презентирани видео презентации подготвени од учениците за претставување на сите училиштата. Имаше и фолклорни и музички настапи, сценски изведби, како и подготовка, презентација и дегустација на традиционална македонска храна.

За време на викендите имаа можност да ги видат знаменитостите во градовите Цирих, Луцерн, Сент Гален, природно научниот музеј со прекрасни поставки  “Технорама”, Водопадите на Рајна  како и Аквариумот во Констанс на Боденското езеро.

Драгоцени се искуствата на учениците стекнати со оваа размена а спомените ќе останат во трајни сеќавања.

 

Напишете коментар