“ДИГИТАЛИЗИРАЈ СЕ“ е Еразмус + проект во кој наставниците и учениците ќе имаат можност да истражуваат, учат и да ги споделат своите знаења од областа на дигитализацијата во образованието во своите земји и на меѓународно ниво. Земји учеснички во овој прект се Северна Македонија, Полска, Турција и Португалија. Така од 30 Мај до 2 Јуни 2022година во Нови Двор Мазовjецки, Полска се одржа прва средба од овој проект на кој од нашето училиште присутвуваа Јасмина Денковска координатор, Марија Тодоровска директор и Елена Маневска Станојковска наставник.
Во училиштето домаќин Wojska Polskiego во Нови Двор Мазовјецки имаше обука: Како да се користи Интернет во училницата? Преглед на најкорисните апликации во процесот на настава и учењето, Апликации во пракса, кратка видео презентација за Полска, запознавање со задачите и активностите на овој проект и училиштето и неговите простории, кабинети, сали а потоа и разглед на градот и неговите знаменитости.
Исто така беа реализирани проектни задачи за проектот „DigitAll“ на сајтовите за социјално вмрежување, веб-локацијата на проектот, беше разгледан новиот eTwinning портал како и други проектни платформи.
Беше реализирана и прошетка низ градот Варшава и истражување на неговите знаменитости при што беа посетени: Градината на покривот на Универзитетската библиотека, Новиот град и патеката на Стариот град, едукативни центри и обележја, Варшавската Барбикан и градските ѕидини – Стариот градски пазар, областа на Кралскиот замок, катедралата Свети Јован, платформата за гледање со прекрасен панорамски поглед, како и посета на Космос музејот – каде што центарот на вниманието е на употребата на дигиталните алатки.
Беше реализирана и посета на Żelazowa Wola каде се наоѓа музејот на Шопен и замокот и беше направено резиме на првата средба и беа доделени сертификати.
Координатор:
Јасмина Денковска