Во рамките на Еразмус+ проектот “Running Nature into School“, кој започна на 01.09.2019, се одржа првата работна средба. Проектот ќе трае се до 31.08.2021. Во истиот учествуваат пет земји Италија – како главен координатор на целиот проект и Турција, Хрватска, Србија и Македонија
Проектот има за цел да ја развива и јакне свеста за здрави животни навики, правилна исхрана, зачубубање на животната средина и што повеќе спортски активности низ учење во природа преку игра и забава.

Од 12-15 ноември 2019 се одржа првата договорна средба на координаторите и останатите учесници во Паесе, Тревизо-Италија на која присуствуваа наставниците Славица Грујоска – Митиќ координатор на проектот и Далибор Димковски наставник по спорт и спортски активности. На средбата, освен меѓусебно запознавање, беа договорени сите активности за претстојните две средби, како и начинот на соработка меѓу партнерите на проектот. Следната мобилност е во Турција, Истамбул со тим од 6 ученици од гимназијата.