1. Наставниците и учениците треба да бидат на своите работни места најдоцна до:
    • прва смена – 7:15 часот,
    • втора смена – 13:15 часот.
  2. Наставниците треба да доаѓаат најмалку 10-15 минути порано пред почетокот на часовите, а особено во понеделник, заради договор за тековните прашања во наредната недела.
  3. Наставниците треба навреме да одат на наставата и да не излегуваат предвреме од часот.
  4. Дневникот за работа треба, но и не мора да се носи на часот. Строго се забранува да се дава дневникот за работа на учениците.
  5. Учениците го користат ученичкиот влез го Гимназијата. Влезните врата ќе се заклучуваат по 7:15 часот, односно 13:15 часот, а ќе се отвораат само на големиот одмор, на малиот одмор(после 4 час) и по завршувањето на смената. Службениот влез е за персоналот и странките кои имаат одредена потреба да дојдат во училиштето. Дежурниот ученик на службениот влез го евидентира неговото присуство и сите забелешки тој ден во смената.
  6. Учениците треба редовно да ја следат наставата и проектните активности. Да не се ослободуваат учениците од час за разни потреби. Редовно да се запишуваат отсутните ученици, а за нередовноста следи изрекување педагошки мерки согласно Законот за средно образование, како и советување на нивните родители од училишниот психолог.
  7. Нема исклучување на ученици од часот поради недисциплина. Тие ученици ќе мора да ја посетат стручната служба заедно со претседателот на класот, а тоа ќе се забележи и во дневникот за работа на класот.
  8. Дежурните ученици не остануваат во училница, кога класот оди во кабинет или во спортска сала. Училницата се затвора од страна на пом-персоналот. Дежурните ученици за таа недела одговараат за се што се случува во паралелката, хигиената, опремата. Тие се должни за сите проблеми да го информираат класниот раководител, а во негово отсуство стручната служба, односно Управата на училиштето.
  9. Дежурните наставници се одговорни за реонот каде се определени и сите забелешки ги доставуваат до класните раководители, односно Управата на училиштето.
  10. Вработените, а посебно наставниците и учениците мора да внимаваат на своето однесување, својот изглед и уредност во облекувањето што одговара на една воспитно-образовна институција.
  11. Наставниците и учениците се должни да носат легитимации во вид на беџеви додека се во училиштето. Учениците се должни да носат униформи, заради безбедност во училиштето.
  12. Вработените, а особено наставниците и учениците треба пристојно да се однесуваат меѓу себе. Наставникот мора да ја почитува личноста на ученикот, а ученикот коректно да се однесува кон наставниците, останатите вработени, кон другите ученици.
  13. Вработените, а посебно наставниците и учениците мораат внимателно и домаќински да го користат училишниот инвентар и нагледните средства. Исто така, тие треба да придонесуваат за подобрување и збогатување на истиот. Штетата која ќе се јави, веднаш ќе биде надоместена, а ќе следат и соодветни дисциплински мерки.
  14. Родителите на учениците и другите странки, се должни да чекаат во холот пред наставничката канцеларија и не смеат со своето присуство да ја нарушуваат наставата.
  15. Најстрого се забранува внесување и конзумирање алкохол, дрога, внесување оружје и др. Средства опасни за луѓето во кругот на Гимназијата.
  16. Пушењето цигари е строго забрането во сите училишни простории.
  17. Вработените, а особено наставниците и учениците треба достојно да го чуваат угледот на училиштето, во и надвор од него, истакнувајќи се со свои човечки, стручни и солидни воспитно-образовни резултати.

За непочитување на овој Кодекс, следуваат соодветни казни за вработените според Законот за работни односи, а за учениците соодветни педагошки мерки.

СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово