„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ е мислата на нашиот Патрон Гоце Делчев, која 75 години нѐ води нас вработените и учениците по патот на науката, во постојан натпревар во знаења и вештини, освојување награди, признанија и оформување на нашите ученици во сестрани личности. Биди одлучен и сигурен за изборот на својата иднина, биди дел од едно неверојатно, а толку корисно патување што ќе те насочи на твојот животен пат. Биди и Ти Гимназијалец! Гимназијата дава можности, информирајте се и изберете вистинска насока и подрачје!
Почитувани идни гимназијалци, почитувани родители! Датуми за уписи во нашето училиште се:
- Онлајн: 20 јуни 2023 (вторник) до 24ч. и 21 јуни 2023 (среда) до 15ч.
- Во училиште: 22 јуни 2023 (четврток) 12-19 ч. и 23 јуни 2023 (петок) 7-19ч
Портал за електронски услуги на МОН: https://e-uslugi.mon.gov.mk
Почитувани ученици и родители пријавата за упис можете да ја превземете на следниот линк. Пополнете ја и доставете ја со сите останати документи. Ви Благодариме на разбирањето.
http://gdku.edu.mk/wp-content/uploads/2022/06/Prijava-za-upis-mk-2020-2021.pdf
Деветтоодделенци, повелете калкулатор за пресметување поени за упис во нашата Гимназија.
Калкулатор за поени при упис – клик на линкот тука.
Биди и ти гимназијалец ! Ако сеуште не можете да се определите за пакет и подрачје, во видеото во прилогот , ќе ги најдете сите потребни информации за сите пакети и подрачја, за да го направите вистинскиот избор за Вас!
Од вредните раце на нашите ученици
Преку авантурите на овие ликови, осознај ја и ти вредноста да се биде дел од Гимназија ”Гоце Делчев”. Тоа е вистинската слика за оваа место, истакнување на способностите на меѓународно ниво, истакнување на вредноста на знаењето и стекнување пријателства од прекрасни области ширум светот. Зачекори низ животот, осознај ја вредноста на твојот смарагд во тебе и биди и ти дел од најдобрите. Биди и ти гимназијалец.
стрип – Андреј Анѓеловиќ и Борис Манев
Нашите ученици за нашето училиште
Многу наши поранешни и сегашни ученици одделија дел од своето време за да ни раскажат за своето искуство во нашето училиште. Еден од нив е Дарко Мартиновиќ, софтверски инженер во Amazon.




