По повод Божиќните празници во нашето училиште се одржа хуманитарна работилница насловена како ,,Noel pour tous,, или ,,Божиќ за сите,,. Работилницата се одржа во соработка со здружението ,,Инклузива,, со кое нашето училиште има потпишано Меморандум за соработка.

Целта на оваа работилница беше да се вклучат лицата со посебни потреби и да се направи нивна инклузијата на еден час по француски јазик, на кој ќе се изработуваат новогодишни украси и истите ќе бидат подарени на лицата кои ќе бидат вклучени во нивната изработка. Работеа учениците од I 10 билингвална паралелка при нашето училиште и шест ученика од здружението Инклузива и еден ученик од техничко училиште, во придружба со нивните родители или асистенти. Во организација на оваа работилница се вклучи и помогна со своја стручна помош и дефектолог при спуштањето ,,Наце Буѓони,, од Куманово. Се изработија невообичаени, креативни и прекрасни украси од најразлични материјали во убава, позитивна атмосфера. На овој начин сите заедно помогнавме во градењето на едно инклузивно општество.

 

Напишете коментар